Beauty&Academy: Револуционерна техника за подмладување со колагенски конци

Конечниот ефект по третманот со колагенски конци BIO-FIBER е видливо намалување на длабочината на брчките и негувана кожа.

Колагенот е протеин кој е природно присутен во нашето тело, а  доволно количество колаген ја прави кожата флексибилна, мазна и затегната. Третманот со колагенски конци за лице се базира токму на зголемување на количината на колаген во ткивата, поради што е вистинска револуција во негата против стареење.

Зголемувањето на количината на колаген резултира со подобрување на општата состојба на организмот, забавување на стареењето и визуелно подобрување на изгледот на кожата.

Јелена Кркиќ Панчевски, сопственичка на Beauty&Academy, институција за козметички третмани и за едукација (лоцирана во центарот на Скопје) за овој нов третман во светот на убавината, појаснува дека станува збор за неинвазивен и нехируршки козметички третман кој помага да се отстранат видливите знаци на стареење на лицето и на вратот.

При постапката воопшто нема засеци на кожата, туку колагенските конци се инјектираат во кожата. Ова ги прави повеќе слични, на некој начин, со филери за инјектирање.

Колагенските конци кои го стимулираат производството на колаген се користат и на кожата на вратот, на нозете, рацете, абдоменот и задникот без операција или општа анестезија.

Во однос на современите козметички иновации, кои се достапни и во Македонија, Јелена посочува дека технологијата за лиофилизација совршено се интегрира во производството на козметика.

„Во глобалните професионални козметички ревии за убавина, има се повеќе производи кои се лиофилизираат. Веројатно сите веќе пробале лиофилизирано овошје, бобинки, зеленчук или друга храна. Веќе имаме неколку уникатни производи, каде што овој метод овозможува замрзнување на активните материјали“.

Кои се главните придобивки од лиофилизираните козметички производи?

-Формула во сува форма која не го менува составот на производот, без биолошки активни компоненти;

-Лиофилизираните производи содржат само активни состојки, бидејќи не се потребни конзерванси за одржување на текстурата.

-На овој начин помала е веројатноста да имаме иритации и негативни ефекти;

-Рокот на траење на производот станува подолг, бидејќи активните компоненти остануваат стабилни во суви услови подолго отколку во крем или течна текстура.

Корејскиот бренд JeuDerm создаде многу уникатни лиофилизирани производи. LIFT INTENSE FD FIBER конците кои се неинвазивни и создаваат очигледен навлажнувачки и ресторативен ефект се користат во Beauty&Academy.

Доколку сте козметолог и сакате да ги интегрирате JeuDerm лиофилизираните конци во вашиот бизнис, може да се обратите за повеќе информации во Beauty&Academy на тел: 070245418.

Lift Intense Bio FD-FIBER колагенските конци импрегнирани со ботокс, свилени протеини и бета глукан се клинички тестирани и со клинички докажана ефикасност, кои исто така содржат активни состојки за нега на кожата.

Конечниот ефект по третманот со колагенски конци BIO-FIBER е видливо намалување на длабочината на брчките и негувана кожа.

Кои се ризиците од третманот со колагенски конци?

Многу ретко има компликации при овој третман со колагенски конци. Како и со секоја процедура која ја пробива кожата, постои ризик од инфекција. Со колагенските конци, тоа е сведено на минимум.

Колку долго трае лифтингот со колагенски конци?

Резултатите од овој тип на лифтинг може да траат од една до три години. Вообичаено, колагенските конци се апсорбираат во кожата по околу шест месеци. Меѓутоа, бидејќи конците стимулираат нов колаген, подобрениот изглед на кожата трае многу подолго време.