Бебе од девет дена позитивно на коронавирусот во БиХ

Присиство на коронавирусот е потврдено кај доенче старо само девет дена во Јајце, известија во неделата од тамошната болница во централниот дел на Босна и Херцеговина.

Родилката решила да се тестира на коронавируот, откако во нејзиното семејство еден член заболел од Covid-19.

„Поради загриженоста за бебето, мајката се јавила во нашата установа каде што го тестиравме и доенчето со брз антигенски тест кој, исто така, беше позитивен, па и двајцата се упатени во болницата во Травник“, се наведува во соопштението на болницата во Јајце кое го цитираат локалните медиуми.

Според написите, здравствената состојба на бебето и мајката е задоволително.

Случаи на зараза со коронавирусот SARS-CoV-2 кај бебиња помлади од една година се многу ретки.

Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина зарази со коронавирусот се потврдени кај 218 лица, додека починале 13 пациенти.