![bebe arizona](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/bebe-arizona.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Четиримесечното бебе Тана Ра Вроблевски почина од топлотен удар на езеро во Аризона додека со своите родители била во чамец. Додека биле во чамецот, на бебето одеднаш му се слошило и набрзо изгубило свест. Родителите со чамецот веднаш стигнале до брегот и повикале помош.
Бебето веднаш било пренесено во болница, каде лекарите неуспешно се обиделе да ја реанимираат, пренесува Телеграф.
– Ние сме уништени, нашите срца се скршени. Нема зборови со кои може да се опише она што го чувствувам. Ти беше совршена. Те сакаме бескрајно, засекогаш ќе бидеш наш ангел – изјави во солзи мајката на бебето, пренесуваат американските медиуми.
Телото на бебето е испратено на обдукција, но лекарите велат дека бебето имало симптоми на топлотен удар по пристигнувањето во болница.
Тој ден на езерото во Аризона температурата на воздухот достигнала 48 степени.