Една жена од Флорида го родила првото бебе на светот кое има антитела на коронавирус, тврдат лекарите.
Како што пишува „Индепендент“, жената ја примила првата доза на вакцина против коронавирус уште додека била бремена, и според наводите на лекарите, нејзиното дете веќе има антитела.
Во случајот за кој стручњаците тврдат дека може да има сериозни импликации за напорите во борбата против пандемијата, пријавено е дека жената е вакцинирана со вакцината Модерна во 36-тата недела од бременоста.
Се породила три недели подоцна, кога на свет донела здраво девојче. Во јануари на девојчето е земен примерок од крвта и извршен ДНК тест.
„Ја тестиравме да видиме дали мајчините антитела се пренесуваат на бебето. Според нашите први сознанија, ова е првото бебе на светот кое е родено со антитела после вакцинација“, рече педијатарот д-р Пол Џилберт.