Тримесечното бебе кое утрово беше оставено на паркиран автомобил во центарот на Скопје можеби е злоставувано, велат за телевизија „Канал 5“ лекарите од Детската клиника во Скопје.
Според повредите кои ги откриле на телото на бебето, лекарите од Детската клиника каде тоа било хоспитализирано, изразија сомнеж дека било злоставувано.