
Здружението на бранителите БЕДЕМ на социјалната мрежа Фејсбук реагира на денешните изјави на претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов. Од БЕДЕМ велат дека за доверба кај граѓаните е потребно многу повеќе од давање изјави пред Владата, за кои од Здружението сметаат дека Ангелов ги користи за самопромоција и привлекување на внимание, пишува Курир.
-Минатата средба која што Стојанче Ангелов ја одржа во влада ја видовме и немавме против што тој во очигледен недостаток на сопствена афирмација ја искористи за да си даде изјава. При што сакаше да покаже некаква децидност и одлучност, но пропушти да ја каже целата содржина на разговорите. Сепак е потребно нешто многу повеќе од доаѓање пред влада и себепромовирање во едни вакви услови, за граѓаните да веруваат во искреноста на нечии намери. Ако беше до тоа и на таков начин се добиваше довербата од граѓаните тогаш пред влада ќе имаше редица луѓе кои даваат изјави.За довербата на граѓаните потребно е нешто многу повеќе од вакви ситни потези чија цел е очигледна самопромоција и привлекување на внимание, пишуваат од БЕДЕМ на Фејсбук.