БЕДЕМ: Стојанче стана експонент на Албанците и СДСМ

Здружението на Бранители Бедем вели дека не можат да разберат поделба на македонското ткиво и свесно работење против државата. Тие додаваат дека вакво нешто никогаш нема да го разберат ниту прифатат, пренесува Курир.

-Веќе ни политиката не е тоа што беше кога Стојанче стана главен екпоненет на Албанците и СДСМ кои уживаат во неговата недоветност, нестабилност, лакомост. Ваквата демонстрација на агресивност и неговите закани се доказ дека тој е само еден исплашен човек на кого му треба друг вид на поддршка. Човек не знае дали да го жали или да се срами од него. Но, едно е јасно овој човел нити може да се нарече генерал, ниту пак има капацитет човечки и професионален да се нарече бранител, истакна денес претседателот на Бедем, Горан Димовски.

Тој додаде дека очигледно ваквите луѓе со задоволство прават кловн од себе при тоа на сметка на сопствената изгубеност, неморал.

-Факт е дека е нестабилен и лабилен заработувајќи си парички и покажувајќи дека се има цена најмногу на среќа на УЧК кои се ситат на неговите циркузантски и деградирачки потези, потенцираше Димовски.

фото: Курир