![133168976](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/05/133168976.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Како што јави дописникот на МИА од Атина, изјавата на Музалас е одговор на пратеничко прашање на членот на Комунистичката партија (ККЕ), Христос Кацотис во врска со условите за живот на бегалците во објектите за сместување во Сакарамангас.
– Се соочуваме со тешки услови и правиме се што можеме да ја заштитиме земјата и достоинството на овие несреќни луѓе, рече Музалас.
Кацотис тврди дека постојат огромни недостатоци во услугите што се пружаат во Сакарамангас и додаде дека луѓето во центарот се изложени на лоши временски услови.
Тој исто така рече дека членови на домашни и странски невладини организации се обидуваат да создадат чувство кај бегалците дека наскоро ќе си заминат од таму.
Според Музалас, Сакарамангас е „релативно добар објект“ и истакна дека проблемите не можат да се решат во еден ден.
Во врска со невладините организации, Музалас подвлече дека тие мора паметно да ги употребат 100.000 евра кои ги добиле, и додаде дека грчкиот Парламент треба да провери како се трошат парите.