
Средовечна бегалка се обидела да се самозапали во реонот на грчкиот премин Идомени, на границата со Македонија, пренесе агенцијата АНА-МПА.
Агенцијата јави дека жената навреме била видена од други бегалци, кои успеале да ја спречат во намерата да се самоубие.
Според сведоци на настанот, бегалката била во тешка психичка состојба и била западната во нервна криза. Таа била сместена во шатор на организацијата „Лекари без граници“, каде веднаш и била укажана прва помош.
Грчката агенција уште информира дека преку преминот Идомени било дозволено минување на композиции на возови, но преку границата не било одобрено минувањето на бегалци.