![пандов](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/pandov-2.jpg?resize=696%2C371&ssl=1)
Сѐ ова што се случуваше изминатите денови е класичен договор на Зоран Заев и Сашо Мијалков, вели претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов во „Што не е јасно“ на Алфа и додава дека доколку Заев не се испазареше со Мијалков ризикуваше да му падне владата која и во моментов е на стаклени нозе.
Пандов додава дека Мијалков немал што да загуби бидејќи обвинителството во завршните зборови за Таргет-Тврдина побара максимална казна, а меѓународната заедница одамна притиска за разрешница на овие процеси, додека владата пред паѓање и затоа му било полесно да избега и да преговара.
– Кај Мијалков ризикот безмалку не постоел, од друга страна за Заев, Спасовски и Русковска губењето на Мијалков значење паѓање на влада и губење на нивните позиции. Од таква позиција му било подобро на Мијалков да преговара. Во трие 30 часа кои го немаше дури и највидните апологети на СДСМ почнаа да бараат оставки и од Заев и од Спасовски и од Русковска, потенцира Пандов.
Тој додаде дека доказ дека ова е циркус и договор, се и тајминзите, како тоа дека медиуми се појавија баш кога Мијалков оди во обвинителство, а воедно како најбарано лице успева пола град пешки да го помине, додека Заев само 2 минути после тоа имаше објава.
Според Пандов, целата оваа работа на Мијалков му била лесно да ја одигра затоа што целиот систем под власта на Заев е во распад и сите институции му служат единствено во негова корист.
– Јасно му е на секој еден во Македонија, дека направија банана држава и режим во кој не владее право, немаме ниту судство ниту обвинителство, ова е пашалак на Заев и секој еден во таа извршна и судска власт е негов пион, кој работи да си ги зачуваат фотелјите, нагласи Пандов.