Бехрами во Хамбургер

Германскиот бундеслигаш Хамбургер го промовираше новото засилување, швајцарскиот репрезентативец Валон Бехрами.

Швајцарскиот фудбалер Валон Бехрами и официјално е нов фудбалер на германскиот Хамбургер, соопшти бундеслигашот на официјалната интернет страница.

Бехрами потпишал тригодишен договор, а годишната плата ќе му биде 4,5 милиони евра.

Овој 29-годишен играч за врска досега настапуваше за Наполи тим за кој одигра 54 натпревари од 2012-та година, а претходно ги носеше дресовите на Лугано, Џенова, Верона, Лацио, Вест Хем и Фиорентина.

За репрезентацијата на Швајцарија забележа 45 настапи и постигна два гола.