„Бехтел и Енка“ плати за свеченоста за камен темелник за Коридорот 8, тврди Груби

По осум дена од свечената церемонија за означување на почетокот на изградбата на Коридорот 8, конечно стигна одговор на прашањето кој платил за настанот.

Првиот вицепремиер Артан Груби, кој е координатор на проектот за изградба на коридорите 8 и 10-д, на денешниот брифинг со новинарите посочи дека свеченоста ја платил изведувачот, во случајот американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

„Изведувачот плати“,кратко рече Груби.