ФОТО| Бехтел и Енка со силна подршка за гаснење на пожарот кај Алинци

Пожарот на депонијата кај Алинци конечно е ставен под контрола. Благодарение на силната подршка со расположливата механизација и човечки ресурси на компанијата „Бехтел и Енка“, Јавното претпријатие „Комуналец“, заедно со Територијалната противпожарна единица Прилеп успешно се справуваат на гаснење на пожарот на општинската депонија кој започна да гори од 26-ти јануари.

На барање на Министерството за трамспорт, тимовите на „Бехтел и Енка“ кои работат за земјени работи на изградба на автопатот Прилеп – Битола, ги мобилизираа своите натоварачи, багери, дозери и оператори за работа и го доставуваат ископаниот почвен материјал од трасата како поддршка на тековните мерки за гаснење на пожарот.

Во оваа колективна акција, тимот на „Бехтел и Енка“ активно работат на справување со пожарот и како резултат на оваа коорднирана акција тимовите успееа да го намалат жариштето и пожарот да се стави под контрола. „Бехтел и Енка“ останува силно посветена на здравјето и безбедноста на заедниците, норми кои се вградени во вредностите на компанијата. Целите за грижа на заедниците и колективната свест на локациите каде што работат го докажуваат токму преку вакви акции како оваа за поддршка на превенцијата и сузбивање на пожари.