![bekam vo odbrana](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/bekam-vo-odbrana.jpg?resize=635%2C436&ssl=1)
Иако е под постојана критика, а неговиот тим не е дел од борбата за шампионската титула, новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Дејвид Мојес, доби јавна подршка од најпознатиот фудбалер на денешницата и поранешен репрезентативец на Англија, Дејвид Бекам.
“Секоја сезона во која Јунајтед не е дел од врвот на табелата ќе биде дефинирана како тешка сезона. Ние, кои сме фанови на Манчестер Јунајтед и кои сме поранешни фудбалери на Манчестер Јунајтед сме навикнати на победи, сме на викнати на трофеии. Навикнати сме да бидеме први на табелата низ цела сезона, а ако не е така, луѓето веднаш се убедени дека станува збор за некаква криза. Ова не е криза, ова е транзиционен период. Со две победи, Јунајтед ќе биде петти или четврти и пак се ќе биде розево. За мене, Мојес е фантастичен менаџер, но и Мојес има потреба од време. И Мојес поминува низ еден транзиционен период”, изјави Бекам.