![bektesi](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/bektesi.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Сметководителите кои биле и се болни од ковид-19 ќе можат да ги достават завршните сметки во рок или начин кој ќе го утврди владата. На решението се работи во институциите, изјави денеска Министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши рече дека тие ќе треба да го докажат дека биле болни.
– Веќе разговараме во економските ресори правиме напори да се изнајде соодветно решение само за тие кои навистина биле болни од ковид-19 и не можеле да ги завршат завршните сметки. Оние сметководители кои не можеле да ја завршат работата поради тоа што биле болни или се болни од ковид-19 ќе треба и да го докажат тоа – рече Бектеши.
Како што рече министерот, решението нема да се реализиара со Одука со законска сила како што тое беше направено минатата година кога беше прогласена вонредна состојба.