Во посета на компанијата Алкалоид Киев – подружница на фармацевтската компанија Алкалоид АД Скопје во Украина денеска беа министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, советникот за млади и спорт во Владата, Ѓорѓи Тасев и амбасадорот на Македонија во Украина Крум Ефремов, информра Владата.
„Ова претставништво е одговорно за етички маркетинг и за промоција на производите на Алкалоид на украинскиот пазар. Менаџерот на подружницата Дејан Каранфилов ги информираше за основната дејност, тековните активности на Алкалоид Киев и плановите за украинскиот пазар“, се вели во соопштението.
Алкалоид е извозно ориентирана компанија и околу 65 отстоод своето производство го пласира на пазарите на речиси 40 земји.
Групацијата Алкалоид брои 2.430 вработени од кои 570 се вработени во подружниците надвор од Македонија.
„Министерот Бектеши го честиташе љубилејот од 85 години на Алкалоид АД и посака успех на менаџментот на Алкалоид Киев за реализација на идните планови и посочи дека Министерството за економија како надлежно за меѓународните трговски односи на Македонија секогаш ќе работи на создавање на поволни услови за работа на домашните компании во странство“, соопшти Владата.