Земјава ќе ги почитува одлуките на Европската унија во врска со увозот на жито од Украина, но ако има потреба и добра цена за трговците ќе се дозволи увоз на жито, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој рече дека досега владата не донела никаква мерка во врска со увозот на жито од Украина.
-За нас приоритет е домашното производство, но бидејќи тоа не е доволно за покривање на потребите, ние дозволуваме увоз на жито и други житарки. Неодамна потпишавме и договор за слободна трговија со република Украина. Во врска со увозот на жито ќе одиме во насока на одлуките на ЕУ . Ние увезуваме житарки од Турција, Грција, Србија и од Албанија, но ако има добра цена за нашите трговци ќе увезуваме и од Украина – рече Бектеши.
Според нашите информации, додаде Бектеши, земјите од ЕУ забрануваат увоз на жито од украина за да го заштитат домашното проиводство.
-Ние имаме такви информации, но ако има и други причини поради кои се забранува увоз на жито од Украина ние ќе реаираме соодветно- рече Бектеши.
Неколку земји на ЕУ одлучија да забранат увоз на жито и друга храна Украина за да ги заштитат нивните земјоделски сектори, со образложение дека увозот на жито од Украина ја урива цената на нивните пазари.
Првичниот план беше транспорт на жито од Украина преку членките на ЕУ за продажба на светскиот пазар, главно за Блискиот Исток и Африка, но поради „тесните грла“ во транспортот, дел останаа во транзитните земји, што создаде притисок за намалување на цените.