Бектеши најваува има дополнителна поддршка за бизнисите во случај на порестриктивни мерки

Доколку со нови рестритивни мерки има скратување на работата на некои дејности, тогаш сигурно дека ќе има дополнителна поддршка за нив. На овој начин постапувавме и во изминатиот период и така ќе продолжиме. Туристичко-угостителскиот сектор кој што е најпогоден од пандемијата доби и најголема поддршка преку владините мерки, вели министерот за економија Крешник Бектеши, најавувајќи дека наскоро ќе биде објавен огласот за ваучери за поддршка на домашниот туризам.

– Ќе продолжи да се реализира мерката што се однесува до ваучерите за стимулирање на домашниот туризам имајќи предвид дека состојбата е непредвидлива до туристичката сезона и повлекувањето на странските туристи. Јавните повици за оваа мерка се подготвени и ќе се објават некаде кон почетокот на месец април, но тоа нема да биде единствената помош за туристичкиот сектор. Значи, се реализира целата програма за развој на туризмот во рамките на секторот за туризам во Министерството за економија. Доколку се случи и оваа летна сезона да биде изгубена поради пандемијата, токму за овој сектор ќе има и дополнителна помош – рече министерот Бектеши во интервјуто за Економски магазин на Алсат телевизија.

Во врска со барањето на угостителите за давање дозвола да се отворат рестораните за свадби со посебни протоколи, министерот уште еднаш потенцираше дека во овој период е најважно здравјето на граѓаните и дека Владата постапува по препраките на Комисијата за заразни болести.

– Минатата година речиси сите ресторани кои организираат свадби беа директно поддржни од Министерството за економија со посебни грантови со тоа што се едни од секторите кои со одлука на Владата и по предлог на Комисијата беа сосема затворени. Јас би сакал да ги повикам и истовремено да ги замолам за трпение, имајќи предвид дека приоритет над приоритетите за сите граѓани, за Владата, но истовремено и за економските субјекти и за соппствениците и менаџерите на свадбите, сигурно е здравјето на граѓаните. Не би било добро чувството да се прошират кластери во рамките на организирање разни забави во моментот во кој зборуваме – рече Бектеши.

Според него, и покрај кризата предизвикана од пандемијата, податоците покажуваат стабилизација на економијата. Буџетот е ликвиден, растат буџетските приходи, расте трговската размена, а очекувањата се дека ќе продолжи овој тренд и во текот на целата година.