Бектеши не верува дека годинава ќе има поскапување на струјата

Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, при гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма изјави дека не верува оти оваа година ќе има поскапување на струјата.

Бектеши истакна дека се прават анализи внатре во институциите и во делот на производството во ЕСМ, кое е најниско во последниве години.

-Стојам на ставот што го кажа премиерот. Ние ќе најдеме соодветни механизми кои веќе се обработуваат во склоп на институциите се со цел да нема зголемување на електричната енергија. Ова не се прави заради престојните избори, туку поради тоа што граѓаните поминаа низ една криза и очекуваат да нема зголемување на цената на струјата – изјави Бектеши.