По 18 пат, на 1 октомври ќе се одржи културната манифестација „Бела ноќ“ во Скопје.
Настаните во рамки на Културно информативниот центар – Скопје (КИЦ) се насловени „КИЦ Артленд“, а ќе започнат во 19 часот. Настанот ќе биде заокружен со голема изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија“ во организација на „Фото сојуз на Македонија“, која го слави својот 60-ти роденден.
И оваа година, организаторите најавуваат мултимедијална вечер, со богата културна програма. Опфатени ќе бидат сите културни установи во Скопје. Предвидени се изложби, кино проекции, театарски претстави на отворено, поетски читања, музички настапи, магионичари, жонглери, камерен оркестар итн.
Локациите каде што ќе се одвиваат настаните се Кинотека, КИЦ, Зоолошка градина, Детски културен центар „Карпош“, Национална галерија, Младински културен центар, Музеј на современата уметност, Музејот на македонската борба и Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје.
Целосната програма која ќе се одвива во КИЦ можете да ја видите овој линк.