![Hanter Bajden sud](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Hanter-Bajden-sud.webp?resize=696%2C464&ssl=1)
Белата куќа во понеделникот ја објасни одлуката на претседателот Џо Бајден да го помилува неговиот син Хантер, велејќи дека претседателот верува дека неговите политички противници ќе продолжат да го прогонуваат неговиот син.
„Тие ќе продолжат да одат против неговиот син“, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер за новинарите на „Air Force One“ за време на патувањето во Ангола.
Жан-Пјер рече дека ова не е првпат претседател да помилува член на семејството.
Бајден во јуни изјави дека нема да го помилува својот син. Во интервју за ABC News, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување на Хантер. Жан-Пјер одби да елаборира зошто и како Бајден се предомислил.
Хантер Бајден се изјасни за виновен за федералните даночни обвиненија во септември во федералниот суд во Лос Анџелес и требаше да биде осуден на 16 декември од судија назначен од новоизбраниот републикански претседател Доналд Трамп. Во јуни, поротата го прогласи за виновен за давање лажни изјави при проверка на потеклото на оружјето. А за тие обвиненија требаше да биде осуден месецов.
Актуелниот претседател Бајден во неделата рече дека неговиот син бил „селективно гонет и третиран поинаку од другите во слични ситуации“.
Доцна во неделата, адвокатот на Хантер Бајден поднесе барање за отфрлање на обвинението.
Целосното и безусловно помилување на претседателот „бара отфрлање на обвинението против“ Хантер Бајден, напиша адвокатот во поднесоците поврзани со случаите со оружје и даноци.
„Дали помилувањето на Џо за Хантер ги вклучува и заложниците Ј-6, кои се затворени со години? Таква злоупотреба и погрешна правда“, објави Трамп на својата страница Truth Social, осврнувајќи се на осудените за упадот на приврзаниците на републиканскиот претседател на 6 јануари 2021 година, кои и денес тврдат дека тое избор се украдени во полза на Бајден.
„Џо Бајден лажеше од почеток до крај за активностите за коруптивно влијание на неговото семејство“, рече пратеникот Џејмс Комер, претседател на Комитетот за надзор и одговорност на Претставничкиот дом.
„Јасно е Хантер беше третиран поинаку. Обвиненијата во неговите случаи дојдоа само откако неколку мои политички противници во Конгресот ги поттикнаа да ме нападнат и да се спротивстават на мојот избор. Во обид да го скршат Хантер, тие се обидоа да ме скршат – и нема причина да се верува дека ќе застанат тука. Доста е“, рече Бајден.
Хантер Бајден се соочуваше со повеќе кривични пријави, меѓу кои и за неплаќање на најмалку 1,4 милиони долари даноци, во периодот додека трошел милиони на раскошен и контроверзен живот на работ од криминалот, барем според досега познатите во јавноста поединости. Министерството за правосудство уште лани соопшти дека истрагата е во тек, а доколку биде прогласен виновен по обвиненијата, му се заканува затворска казна до 17 години. Обвинет е дека од 2016 до 2019 година не платил најмалку 1,4 милиони дилари сојузни даноци, додека истовремено трошел милиони долари на екстравагантниот животен стил.
Хантер Бајден е честа медиумска тема поради неговите зависноста од наркотици и алкохол, поврзаност со проституција и педофилски кругови, како и ескцесни однесувања, истекување фотографии на кои е гол или консумира дроги, а во фокусот е неговиот скап ангажман во украинската енергетска компанија „Bursima“, иако нема никакви познавања и допирни точки со енергетиката, во периодот додека неговиот татко беше потпретседател на САД и кога во Киев е сменет државниот обвинител кој ја истражувал компанијата за финансиски криминали.
Хантер Бајден, регистриран наркозависник и алкохоличар, осомничен за трговии со дроги, посредник во проституција, американските мејнстрим медиуми го претставуваат како „лобист, адвокат, инвестициски банкар и уметник“, иако е проблематично неговото образование за занимавање со тие дејности. Така, во контроверзната украинска енергетска компанија „Bursima“ – истражувана во Киев за корупција на високо ниво по превратот од 2014 година со поддршка на тогашната администрација во Вашингтон – за месечна надокнада од 83.000 долари бил дел од управниот одбор, иако нема никакави познавања од дејноста.
Во октомври 2020 година весникот The New York Post објави мејлови откриени во сервисираниот лаптоп до Хантер Бајден, во коишто се споменува дека тој го застапувал својот такто, додека Џо Бајден беше потпретседател на САД во мандатот на претседателот Барак Обама, пред работодавците во украинската приватна енергетска компанија „Burisma“. Поранешниот републикански претседател Доналд Трамп тврдеше дека Бајден помладиот добил милиони долари за лобирање за да го „продаде“ пристапот до својот татко. Преписката наводно била пронајдена во лаптопт на Хантер откриена во сервис во сојузната држава Делавер.
Во последните две години од својот претходен мандат, Трамп инсистираше од актуелниот украински претседател Володомир Зеленски да ги обелодени документите според кои тогаш потпретседателот Џо Бајден преземал мерки тогашниот украински претседател Петро Порошенко да го смени државниот обвинител кој ја истражувал „Burisma“ за корупција.
На почетокот од 2023 година во американските медиуми беше објавена информација според којашто постојат планови на Администрацијата на националните архиви и евиденција на САД (FOIA), да ја објават внатрешната преписка во текот на претседателскиот мандат на Барак Обама, кои содржат сведоштва за врските на Хантер Бајден со украинската гасна компанија „Burisma“, чиј член на управниот одбор всушност беше, во времето кога Џо Бајден го извршуваше вториот мандат на потпретседател на САД, за што примал надомест од 83.000 долари месечно иако нема никави квалификации или познавања од овој бизнис.
Според овие написи, администрацијата на актуелниот демократски претседател Џо Бајден може да стави вето на објавувањето на архивските документи до 2029 година, а што значи дека тие нема да бидат достапни во двете наредни претседателски кампањи во 2024 односно 2028 година. Американските владини агенции имаат можност за правен преседан да дадат такви одговори под изговор да се „избегнат обелоденувања што би можеле да ѝ наштетат на националната безбедност“, се потсетува во написот.
Записите датираат од 2014 година, односно во периодот на превратот во Киев поддржан од САД, во кој клучна улога за соборување на украинската влада која имаше тесни врски со Москва имаше актуелната потсекретарка за политички прашања Викторија Нуланд, вклучуваат 69 слики и 260 е-пораки во кои се споменува „Bursima“.
Електронската пошта од оставениот лаптоп на Хантер Бајден, до која пристап имал и DailyMail.com, и сведочењето на „свиркачите“, покажуваат дека тој бил вклучен во повеќемилионски договор со кинески нафтен гигант тесно поврзан со кинеската влада. Банкарските записи покажуваат дека кинеските деловни партнери на Хантер префрлиле 10 милиони долари на конотото на нивното заедничко вложување.
И мејловите, текстовите и сметките од свиркачите сугерираат дека Џо Бајден бил свесен за договорот, па дури и можеби бил вклучен. Најозлогласениот пример е електронската порака од 2017 година од еден од деловните партнери на Хантер, Џејмс Гилијар, кој сугерира дека Хантер би имал 10 отсто од капиталот во договорот во име на „Големиот човек“, што според весникот е сугерирање на неговиот татко.
Сепак, американските мејнстрим медиуми го бранат дека иако во 2014 година поради уживање на кокаин наводно бил отпуштен од резервниот состав на воената морнарица, никогаш не бил дел од кампањата на татко му Џо Бајден и никогаш немал функција во Белата куќа. Самиот Џо Бајден тврди дека со синот не разговара за работењето во странство, и покрај спротивните податоци од писмата кои ги објавија некои американски медиуми, и повеќепати Белата куќа објави дека Министерството за правосудство ќе има незавосност во истрагата за кој и да е член од неговото семејство.