Белата куќа ќе дејствува во „добра волја“ во врска со истрагата за тајните документи најдени кај Бајден

Белата куќа соопшти во вторникот дека ќе дејствува во „добра волја“ на прашањата на Комитетот за надзор на Претставничкиот дом за непрописното чување на доверливите документи во домот и во приватните простории на тинк-тенк на претседателот Џо Бајден.

Приватните адвокати и советникот на претседателот во саботата додаде дека уште пет документи со ознака за највисока тајност се пронајдени во гаражата и во куќата на претседателот Бајден во Вилмингтон во сојузната држава Делавер и тврдеше дека веднаш му биле предадени во Министерството за правосудство.

Претходно адвокатите признаа дека откриле уште два сета строго доверливи документи се најдени во резиденцијата на Бајден и во канцеларијата на Бајден во Центарот за дипломатија и глобален ангажман „Пен Бајден“ од периодот меѓу 2017 и 2020 година, кога повеќе не беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.

Државниот обвинителот Мерик Брајан Гарланд го именуваше во четвртокот за специјален истражител поранешниот сојузен обвинител од државата Мериленд, Роберт Хур кој ќе го испитува претседателот Џо Бајден откако чувствителни доверливи државни документи се пронајдени во неговите приватни простории.

Портапролот на Белата куќа, Ијан Самс, изјави за новинарите дека редовно јавно разоткривање на поединостите од случајот среде истрагата на Министерството за правосудство би претставувало ризик тие информации, кои повремено се изнесуваат, да може да бидат непотполни.

„Разбираме дека постои напнатост меѓу потребата од соработка во истрагата на Министерството за правосудство којашто е во тек и оправданите барања за јавни информации, па се обидуваме да ја пронајдеме таа рамнотежа“, рече Самс.

Откри дека Белата куќа примила „неколку писма“ од Комисијата за надзор на Пратеничкиот дом за овој случај, ги прегледува и ќе одлучи за својот одговор во „догледно време“.

Белата куќа изминатите денови ги потврди наводите на телевизиската мрежа NBC News дека првите два сета доверливи документи биле откриени во ноември, само неколку дена пред одржувањето на изборите на половината од мандатот биле откриени во приватни канцеларии во Вашингтон и за тоа не ја извести јавноста, што е особено непријатно за Бајден и неговиот тим.

Подоцна телевизијата CNN објави дека меѓу откриените тајни документи имало разузнавачки податоци за Украина, каде во тој период неговиот син Хантер Бајден беше во водството на приватната енергетска компанија „Burisma“, како и за Иран и за Велика Британија. Бајден минатиот вторникот изрази изненаденост од фактот дека во неговата приватна канцеларија биле пронајдени доверливите документи и изјави дека не ја знае содржината на документите.

Со законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД.

Самс ги критикуваше републиканците поради различните реакции на објавите за наоѓањето на доверливи документи во резиденцијата на претходниот претседател Доналд Трамп на Флорида минатата година.

„Тоа се истите републиканци кои не се огласија… А ако и се огласуваат, често го бранеа“, додаде портпаролот на Белата куќа.

Меѓутоа, од републиканските кругови потсетија дека ознаката за доверливост на документите може да ја симне само претседателот, што бил Трамп, додека Бајден ја немал таа привилегија бидејќи во тој период бил потпретседател, со што би отпаднало таквото оправдување.