Белата куќа го појасни искажувањето на Бајден за неговото „боледување од рак“

Американскиот претседател Џо Бајден во средата зборуваше за немеланомните тумори на кожата кои му се отстранети своевремено, кога зборуваше за своето „боледување од рак“, појасни подоцна во средата по локално време, заменикот портпарол на Белата куќа,, Ендрју Бејтс преку објава на својот профил на Twitter.

„Еве што мислеше претседателот (Бајден)“, напиша Бејтс посочувајќи на објавата на мрежата за миркоблогирање на уредникот на весникот The Washington Post, Глен Кеслер.

Имено, Кеслер посочи на претходно објавениот медицински извештај за здравствената состојба на американскиот претседател Џо Бајден, во кој се наведува дека уште пред да се всели во Белата куќа му биле отстранети тумори на кожата, кои не биле меланом. Истовремено, во документот не е наведено дека кај претседателот е дијагностициран канцер.

Во текот на говорот во сојузната држава Масачусетс посветен на справувањето со последиците од климатската криза, Бајден раскажа како „се разболел од рак“ поради загадувањето во Делавер, каде што го минал детството во средината на минатиот век. Во близина на градот Клејмонт, каде што живеел тогаш идниот американски претседател, имало многу нафтени рафинерии , и постојано дувал силен ветер.

„Кога се преселивме во Делавер, живеевме во станбена зграда, а малку подолу по патот имаше мало училиште во кое одев (…) Мајка ми нѐ возеше за да не одиме пеш. И знаете што се случи прио првото замрзнување? Мораше да се вклучат бришачите за буквално да се измијат дамките од масло на шофершајбната.. Затоа кај мене и многу други луѓе, со коишто израснав, се разви рак. И затоа долги години Делавер имаше највисока стапка на заболување од рак во земјата. Но тоа е минато, ќе изградиме поинаква иднина“, раскажа Бајден во својот говор.

Изјавата веднаш привлече големо внимание на американските медиуми и на социјалните мрежи, при што се истакнуваше дека претседателот зборувал во сегашно време, а не во минат,

Истовремено, платформите на кои се поддржува опозициската Републиканска партија потсетија дека лекарите во претходни извештаи ја припишуваат појавата на немеланомски тумори кај Бајден на фактот што во младоста минувал многу време на сонце, а не со влијание на рафинериите.

Имено, минатогодишниот медицински извештај на главниот лекар на Белата куќа го опиша Бајден како „активен 78-годишен маж“ и беше укажано дека уште пред да ја преземе должноста бил подложен на микрохируршка интервенција за отстранува на бенигнен рак на кожата. Во моментот на објавување на извештајот, како што беше наведено, немало сомневање за онколошки кожни промени. „Добро е познато дека Бајден во младоста минувал многу време на сонце“, појасни тогаш докторот на Белата куќа.

Некои американски новинари во своите објави на социјалните мрежи забележаа дека станува збор за нов во низата гафови и збунување на претседателот.

Бајден, кој во ноември ќе наполни 80 години, со што ќе стане најстариот претседател на САД во историјата како што пред две години со 78 години стана најстариот кој влегол во Белата куќа како шеф на државата, често во текот на јавни настапи прави гафови и вербални грешки, кои јавноста веќе шеговито ги нарекува „бајденизми“ кога понекогаш ги голта или ги измешува краевите на фразите.

Републиканците широко го користат тоа во меѓупартиската борба, особено пред ноемвриските избори на половина од неговиот мандат за Конгресот, вклучително и за предизборни пропагандни видео во кои прават колажи од разни „бајденизми“, повторно доведувајќи ги во прашање менталните и физичките способности и натаму да ги води САД,

Поранешниот лекар на Белата куќа, Рони Џексон, сега член на Конгресот, уште пред неколку години предупреди на влошување на когнитивните способности на Бајден. Поради ваквите испади, уште кон средината на минатата година Џексон го повика Бајден неизоставно веднаш да направи тест за когнитивно нарушување, велејќи дека „менталниот пад“ и заборавност на американскиот челник станале позабележителни. Тој тогаш објави отворено писмо кое го потпишаа и уште 13 републикански конгресмени. Тие инсистираат демократот Бајден да го следи примерот на својот републикански претходник на претседателската должност Доналд Трамп, кој се подложи на слично тестирање.