Белата куќа од Врховниот суд на САД бара поништување на Обамакер

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот ноќта се обрати до Врховниот суд со повик да се поништи програмата за здравствено осигурување донесена во периодт на неговиот претходник демократот Барак Обама позната како Обамакер, пренесува веснико The Hill повикувајќи се на документот во кој имал увид.

Белата куќа повикува на укинување на целиот Закон за пристап до здравствената заштита Patient Protection and Affordable Care Act, PPACA). Во документот предаден во Врховниот суд се наведува дека бидејќи сите одредби од законот се тесно поврзани и некои од нив веќе се прогласени за неважечки, целиот закон треба да биде укинат.

Законот со официјално име Affordable Care Act (ACA), стана ништовен откако тогаш мнозински републиканскиот Конгрес поништи некои негови елементи, напишал адвокатот на администрацијата Ноел Франциско во пријавата до судот.

„Ништо што Конгресот го направи во 2017-та не покажува дека е планиранот остатокот од ACA и натаму да важи, бе три интегрирани одредби“, тврди Франциско.

Според процените на The Hill, доколку биде откажан ваквиот вид здравствено осигурување, околу 20 милиони Американци ќе загубат право на медицинска заштита. Весникот забележува дека прашањето за откажување на Обамакер, веројатно, ќе биде разгледувано по ноемвриските претседателски избори во САД. Како најверојатен датум се споменува пролетта 2021 година.

На 6-ти мај американскиот претседател Доналд Трамп ја објави својата намера да ја поништи програмата за здравствено осигурување Обамакер и да ја замени со поевтина програма. Откако администрацијата на Трамп најави дека од Врховниот суд ќе бара да го прогласи законот за нелегален, стана јасно дека тоа ќе биде една од клучните теми на политичката кампања за годинешните претседателски избори.

Челничката на Претставничкиот дом од Демократската партија, Ненси Пелоси, претходно ваквиот потег го нарече „незамислива свирепост“ во време на пандемијата на коронавирусот од кој најпогодени во светот се токму САД.

Со ACA на осигурителните куќи им е забрането да ги одбијат Американците со акутни здравствени проблеми. Трамп ги критикуваше здравствените трошоци на законот, а напуштањето на Обамакер беше едно од неговото главни ветувања во кампањата пред победата на претседателските избори во 2016 година.

Неговито сегашен демократски претседателски противкандидат Џо Бајден, овој потег на Трамп го нарече „свиреп, бесчувствителен и нечувствителен“. Демократите со ветувањето за одбрана на Обамакер ќе се обидат да победат во ноември, откако со слична стратегија во 2018 година ја преземаа контролата над Претставничкиот дом од американскиот Конгрес, но го загубија мнозинството во Сенатот.

Во декември 2018 година федералниот суд во Форт Ворт, во сојузната држава Тексас, ја поништи реформата Обамакер врз основа на поднесоците од 20 сојузни држави. Судот призна дека валдата не може преку закони да ги присилува граѓаните да купуваат кои било стоки и услуги. Претседателот Трамп тогаш оваа пресуда ја нарече „прекрасна вест“ за Америка. Според одлуката на судијата Рид О’Конор, Обамакер е во спротивноста со американскиот устав и закони, поради што целиот систем е прогласен за несоодветен и несолвентен.

Програмата Обамакер беше спроведена од претседателот Барак Обама преку Конгресот со многу тешкотии. Во 2010 година уредбата се здоби со сила на закон. Во рамките на овој систем, граѓаните на САД се обврзани да имаат здравствено осигурување, а за сиромашните се предвидени субвенции, со што милиони Американци првпат добија здравствено осигурување.