Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот објави нов пакет оружје за Украина, иако количеството и содржината на пакетот не беа откриени.
Портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби изјави дека САД ќе продолжат да испраќаат дополнителни пакети помош во оружје за Украина „до крајот на администрацијата на Бајден“.
Вашингтон пред десет дена соопшти дека ќе испрати проектили, муниција, противпешадиски мини и друго оружје во Украина во вредност од 725 милиони долари, додека администрацијата на Џо Бајден во заминување се обидува да го зајакне Киев во војната со Русија пред демократот да ја напушти функцијата во јануари.
Пакетот најавен во четврток, кој се испраќа по принципот на посебните претседателски овластувањаа (PDA) за што поскоро да се донесе оружје од американските залихи до првите линии на фронтот, се очекува да биде во вредност од околу 500 милиони долари и да вклучува муниција за ракетните системи HIMARS.
По овој пакет од четвртокот, околу 5,6 милијарди долари сè уште ќе му бидат достапни на Бајден според системот PDA без да се бара одобрение од Конгресот.
Руската војска зазема село по село на истокот на Украина како дел контуниураните напредувања за заокружување на преостанатите области од индустрискиот регион Донбас со доминатно руско и рускојазично население, додека со воздушни удари се нанесуваат штети на индустриската и енергетската инфраструктура на Украина во напорите да се оневозможи фунцкионирањето на воената индустрија.