Белата куќа негира американска вклученост во нападот на иранската амбасада во Дамаск

Соединетите држави во вторникот тврдеа дека не биле вклучени во израелскиот воздушен напад врз депандансот во комплексот на иранската амбасада во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа двајца ирански генерали и пет воени советници.

Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека Израел нема однапред предупредување за нападот врз иранската амбасада во сириската престолнина. „Израелците не не информираа за нивниот напад или за целта на нивниот напад во Дамаск“, рече Синг.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби, ги отфрли како „глупости“ иранските обвинувања за американската одговорност за бомбардирањето во понеделникот и предупреди дека Вашингтон ќе одговори на секој можен одмазднички напад.

Нападот на амбасадата во Дамаск се заканува да го ескалира долготрајниот конфликт меѓу Израел и Иран и неговите блиски шиитски милиции во регионот, кој се интензивираше откако изби војната во којашто Израел тврди дека ја води против палестинското исмалистичко сунитстко движење Хамас во Појасот Газа во октомври.

Како одговор на американската воена поддршка за Израел, милициите блиски на и поддржани Иран ги гаѓаа американските воени бази во Ирак, Сирија и Јордан, иако немаше такви напади од почетокот на февруари по американските одмазднички напади.

„Многу сериозно ја сфаќаме заштитата на воените постројки во Ирак и Сирија и ќе направиме се што можеме за да ги заштитиме нашите војници“, додаде Кирби.

Групите на шиитското мнозинство во Ирак и на алевитската (шииитска) заедница во соседна Сирија, кои оддржуваат тесни врски со Иран, се противат на американското воено присуство на териториите н нивните земји како и на воените операции на Израел во палестинските енклави Појасот Газа и Западниот брег, за што ги сметаат одговорни делумно и САД како главен сојузник кој сеоја година издвјува големи средства за вооружување на израечската армија.

Американските трупи се нападнати повеќе од стотина пати во Ирак и во Сирија од почетокот на војната во Газа. Американската војска во Ирак има бази сега со 2.500 војници по инвазијата во оваа земја во 2003 година, а во Сирија има десетина бази со сега 900 војници во североисточниот дел каде со инвазијата по 2011 година ги држи под окупација најбогатите сириски наоѓалишта на нафта и непречено незаконски ги експлоатира. Сирија и Турција изминатите години ги обвинија САД дека во базите на сириската територија ги обучува припадниците на Исламската држава и на Работничката партија на Курдистан (PKK) кои подоцна изведуваат терористички напади во двете земји.