Белата куќа: Нема знаци дека соборените објекти се вонземски

Балата куќа соопшти во понеделникот дека нема знаци за вонземски или меѓупланетарни активности со уривањето на низата неидентификувани летачки објекти во Северна Америка.

„Сакам да се убедам да го слушнете ова од Белата куќа. Знам дека имаше прашања и загриженост во врска со ова. Меѓутоа, нема, повторувам, нема знаци за вонземски или меѓупланетарни активности во врска со овие соборувања. Сакав да се убедам дека американскиот знае, а исто така и дека сите вие го знаете тоа. И за нас е беше важно да се каже од тука, затоа што многу слушавме за тоа“, изјави во понеделникот на брифингот во Белата куќа, портпаролката Карин Жан-Пјер.

Началникот на командата на северноамериканската воздушна одбрана NORAD, Глен ван Херк, претходно во неделата не ја исклучи можноста дека неидентификуваните летечки објекти соборени последните денови во воздушниот простор на САД би можело да имаат вонземско потекло ниту кое и да е друго решение, но истакна дека разузнавачките агенции би требало да го донесат конечниот заклучок за инцидентите.

Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави во пенделникот дека четирите летачки објекти соборени последните денови, вклучително е еден во саботата соборен над Јукон во Канада, се поврзани на некој начин, но не изнесе поединости.

„Очигледно постои некој вид образец, фактот дека тоа го видовме во значителна мера минатата седмица е причина за интересот и големото внимание“, изјави Трудо за новинарите во Вајтхорс, главниот град на провинцијата Јукон.

Изминатите три дена американските борбени авиони пресретнаа три цели на големи надморски височини со непознато потекло над Алјаска, Канада и езерото Хјурон меѓу двете земји. Американското воено воздухопловство во саботата крена борбени авиони над сојузната држава Монтана за да истражат аномалија којашто се појавила на радарот. Заедничката американско-канадска северноамериканска одбранбена команда NORAD подоцна објави дека пилотите не пронашле ништо сомнително.

Телевизиската мрежа CNN цитираше пилоти кои полетале за пресретнувањата на објектите коишто рекле дека не можеле со визуелен контакт да утврдат каде се наоѓаат моторите на летачките објекти. Американски сенатори и други функционери од администрацијата истовремено изјавија дека објектот соборени во неделата над езерото Хјурон имал форма на осмоаголник.