Американскиот претседател Џо Бајден почнал да користи уред за контиунуиран притисок во дишните патишта за да го надмине долгогодишниот проблем со апнеата, проблем на престанување на дишење во текот на спиење, објавија во средата претставниците на Белата куќа.
„Од 2008 година претседателот го откри својот историјат со апмнеата во текот на спиењето во темелните медицински извештаи. Синока користеше CPAP апарат, што е вообичаено со луѓе со таква медицинска историја“, изјави портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс.
Друг претставник на Белата куќа изјави дека Бајден последните седмици почна да го пористи CPAP апаратот „за да го подобри квалитетот на својот сон“, откако агенцијата Bloomberg News прва објави дека американскиот претседател користи таков медицински апарат.
Новинарите во средата забележаа траги на лицето на Бајден кои упатувале на тоа дека носел некој вид широка прерамка. Во февруари личниот лекар на американскиот претседател по физичкиот преглед го прогласил за „здрав и способен за должност“. Во извештајот на докторот за прегледот на Бајден не се споменува апнеа при спиење, но се вели дека Бајден се справувал со „конгестија на синусите поголемиот дел од својот живот“ и дека „симптомите на синуси се подобриле по неколку операции на синусите и носот“.
Личниот лекар на американскиот претседател го прогласи во февраури за здрав и „способен за должноста“ во по темелниот физички преглдед.
Апнеата во текот на сонот е пораметување коешто го карактеризирраа прекини на дишењето во текот на спиењето. Може да предизвика ‘рчење во сонот и дневен замор, а може и да доведен до висок крвен притисок или срцеви проблеми. Во најчестата форма на памејата во текот на сонот мускулите на грлото се опуштаат, блокирајќи ги протокот на воздухот во белите дробови, наведува клинијата „Маyo“. Се наведува дека возраста е еден од неколкуте фактори кои го зголемуваат ризикот од појава на апнеа во текот на спиењето.
Осумдесетгодишниот Бајден е најстариот претседател на САД во историјата, а неговата возраст и здравјето по низата незгоди си падови и тотална конфузија на некои јавни настани поради што опозициските републиканци повикуваат да се испитаат неговите когнитивни способности, се во центарот на вниманието на јавноста, особено откако најави дека ќе се натпреварува за вториот четиригодишен мандат на изборите во 2024 година. Истажувањата на јавното мнение покажуваат дека повеќето Американци се загрижени поради возраста на Бајден.