Белата куќа потврди дека тешко се спроведува украинската противофанзива

Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан изјави дека војната во Украина не е западната во ќорсокак, но призна дека „тешко оди против Русија“.

„Кажавме и пред да почне оваа контраофанзива дека ќе биде тешко, и навистина е тешко“, изјави Саливан во интеврју за американската телевизиска мрежа ABC News.

Како што рече Саливaн, „тоа е природата на војната, но Украинците продолжуваат да одат напред“.

„Продолжуваме да ги снабдуваме со неопходното оружје и средства за да може да продолжат да се борат, и тие ќе продолжат да се обидуваат да ја повратат територијата од Русите која Москва нелегално ја окупираше“, додаде Саливан.

Тврдеше дека наводно има „извесен напредок“ на истокот и на југот од Украина.

Украинската офанзива на јужно-доњецкиот, бахмутскиот и запорошкиот правец почна на 4-ти јуни, но засега не дојде до значително пробивање на силно утврдените руски линии на фронтот. И американските воени аналитичари потврдуваат за големи загуби на украинската војска во изминатиот речиси месец и половина, кои според руското Министерство за одбрана изнесуваат 26.000 загинати војници и 3.000 уништени тешко оклопни возила, вклучително и тенкови од западно производство,.