![belata kukja](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/belata-kukja.jpg?resize=696%2C438&ssl=1)
Белата куќа смета дека Русија би можела да ја нападне соседна Украина во кој и да е момент, па американскиот претседател Џо Бајден поради тоа во недела ќе свика состанок на националниот совет за безбедност, соопштија од Вашингтон.
Во кусото соопштение од Белата куќа се наведува дека националниот совет за безбедност, главното советодавно тело на американскиот претседател за идлуку кои се однесуваат за безбедносната и надворешна политика, ќе расправа за ситуацијата во украинската криза.
Вашингтон тврди дека руските сили наводно дополнително се зголемиле во близина на украинската граница и оти се подготвени за насаптување.
Русија во саботата ги започна и претходно најавените стратешки важни нуклеарни маневри кои влучуваат и лансирање балистички ракети од разни видови носачи, но тврди дека тие не се поврзани со моменталната ескалација на тензиите со САД и НАТО во врска со украинската криза.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави во петокот дека „има причини да верува“ дека руските сили ќе ја нападнат Украина следните денови.
Стравовите од руска воена интервенција во Украина се оценува како поголема од која и да е досега поради зачестеноста на крѓењето на примирјето меѓу украинската војска и проруските бунтовници кои од 2014 година по превратот во Киев војуваат во источната украинска област Донбас.
Неколку часа пред Белата куќа, и НАТО објави дека очекува дека руската војска ќе изведе сеопфатен напад врз соседна Украина.
„Сите знаци укажуваат на тоа дека Русија планира целосен напад врз Украина“, изјави во саботата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во емисија на германската народна мрежа ARD.
Столтенберг, кој учестува на Минхенската безбедносна конференција, зноруваше за „постојаното трупање нма руска војска“ во близина на границата со Украина.
„Војниците не се повлекуваат, како што тврди Русија, туку доаѓаат нови“, рече Столтенберг според кој постојат и „индиции“ дека Русија подготвува „изговор за напад“, со што возврати на идентичните обвинувања од Москва за наводни провокации од силите под контрола на Киев.
НАТО го евакуираше својот персанал од украинската престолнина Киев во Лвов на западот на Украина, и во Брисел оправдувајќи го со влошените безбедносни причини.