Белата куќа се подготвува за вториот мандат на Трамп

Белата куќа се подготвува за вториот мандат на претседателот Доналд Трамп, изјави во петокот Питер Наваро, националниот советник за трговија.

„Во Белата куќа продолжуваме да работиме со претпоставката дека Трамп ќе го има вториот мандат.Секоја шпекулација за тоа што може да стори Џо Бајден, мислам дека е спорна во овој момент“, изјави Наваро за телевизискиот канал Fox Business.

„Мислам дека навстина е потребно да се сфати и дека сакаме проверка на гласачките ливчиња и истрага за сѐ поголемиот број пријави за изборна измама од сведоци кои потпишале изјави напишани под заклетва“, додад Наваро.

Коментарот на Наваро дојде како одговор на прашањето дали новата администрација на Бајден може да ја смени извршниот указ кој Трамп го поптиша во четвртокот со која им се забранува на Американците да инвестираат во група кинески компании за кои Белата куќа ќе оцени дека имаат поврзаност со кинеската армија.

По оваа одлука на Трамп, во петокот Кина, којашто досега се намаше огласено во врска со исходот на американските претседателски избори, експресно испрати честитка до Бајден.

Наваро, исто така, како и државниот секретар Мајк Помпео пред два дена, го поддржа тврдењето на Трамп за нарушување на демократскиот интегритет на изборите по необјаснетото топење на големата почетна предност на републиканскиот претседател во клучните сојузни држави.

„Го имаме, во извесна смисла, како што се чини, она што се нарекува беспрекорна измама“, додаде трговскиот советник на Белата куќа во врска со  процесот на пребројувањето на гласовите.

Републиканецот Доналд Трамп, иако дури по четири дена американските водечки медиуми го прогласија демократот Џо Бајден за победник на претседателските избори на 3-ти ноември, сѐ уште не го прознава поразот.

Трамп оттогаш многу малку се појавува во јавноста и се насочи кон започнување на правната бритка за да ги оспори резултатите во неколку сојузни држави. И републиканскиот претседател и неговите приврзаници се упорни во тврдењата дека изборите биле полни со неправилности.

Управата за општи работи (GSA) вообичаено го прогласува претседателскиот кандидат за победник кога ќе стане јасно кој победил на изборите за да започне пренесувањето на власта. Но тоа го прави откако ќе завршат сите правни постапки и ќе ги добие конечните резултати од изборните комисии со кои ќе се потврди дека еден од кандидатите ги собрал неопходните 270 електорски гласови.

Засега тоа сѐ уште не се случи, иако американските медиуми четири дена по изборите што е невообичаено за САД каде резултатите се познати уште во текот на изборната ноќ, го прогласија Бајден за победник, откако според нивните процени освоил доволен број електорски гласови а со тоа и претседателскиата функција.

Законот не наведува изрично кога GSA мора да се огласи, а вообичаено е тоа кога ќе ги добие конечните потврди за исходот или откако едниот од кандидатите јавно ќе го признае поразот. Но тимот Бајден инсистира дека нивната победа е чиста и дека одложувањето не може да се оправда и покрај тоа што Трамп одбива да го признае поразот.

Директорката на GSA, Емили Марфи, именувана на должноста во 2017 година по доаѓањето на администрацијата на Трамп, сѐ уште не го потврдила „јасниот победник“, соопшти на почетокот од седмицава нејзината портпаролка.

Извор близок на Марфи рекол дека станува збор за темелен професионелец кој ќе го земе неопходното време за да донесе внимателно промислена одлука.