Белата куќа не е изненадена од победата на Путин и му ја честиташе

Белата куќа во понеделникот му ја честиташе на рускиот претседател Владимир Путин победата на изборите, наведувајќи само дека неговиот повторен избор за шеф на државата не претставува изненадување и дека не е договорен никаков телефонски разговор во кој американскиот претседател Доналд Трамп лично би му честитал на победата.

Портпаролот Хоган Гидли изјави за новинарите во претседателскиот авион, со кој Доналд Трамп летал за Манчестер во сојузната држава Њу Хемпшир, дека САД соработуваат со Русија онаму каде што можат.

„Ќе работиме на односите со Русија и ќе ја испорачаме сметката кога Русија ќе им се закани на нашите интереси, но ќе бараме и соработка онаму каде што тоа ќе биде од полза на нашите интереси. Не сме изненадени од резултатот“, изјавил Гидли запрашан за коментар за неделните руски претседателски избори.

Централната изборна комисија на Руската Федерација објави дека Владимир Путин победил уште во првиот круг од изборите со рекордни 76,69 отсто од гласовите. Втор е кандидатот на Комунистичката партија, милионерот Павел Гидинин со 11,77 отсто, трет е ултранационалистот и кандидат на либералите Владимир Жириновски со 5,65 отсто а трета е либералната новинарка Ксенија Собчак со освоени 1,68 отсто од гласовите. Другите тројца кандидати освоиле по околу 0,60 отсто.

Набљудувачите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во понеделник соопштија дека руските претседателски избори генерално гледано биле коректни , но оти „недостигала вистинска конкуренција“.

Наспроти тоа, портпаролот на шефицата не дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, изјави дека Русија би требала да ги „исправи кршењата и неправилностите кои ги пријавија набљудувачите на ОБСЕ“ и дека ЕУ не го признава Крим како дел од Русија „па според тоа не го признава ниту одржувањето на изборите на Кримскиот полуостров“.

За 65-годишниот Путин ова е втор последователен шестгодишен мандата и според уставот нема право на трет. Еден мандат може да прескокне, што значи дека би можел повторно да се кандидира во 2030 година, но како што рече самиот во неделата уште е прерано размислува за тоа.