Голем дел од славната магнолија којашто речиси два века растеше крај јужниот дел од Белата куќа ќе биде отстранет поради безбедноста на посетителите и новинарите кои ги следат заминувањата на претседателите, одлучила првата дама Меланија Трамп.
Одлуката за отстранување на дел од магнолиите Меланија Трапм ја донела по препораките од Националниот арборетум, соопшти Белата куќа, сметајќи дека се вложени сите напори во зачувувањето на историското стебло.
Првата дама побарала дрвото да се сочува и на истото подрачје, доколку е можно, да се засади нови дрво од ластари.
Огромното дрво стои крај јужниот дел од Белата куќа и е засадено е во времето на седмиот претседател Ендрју Џексон, и има испратено 39 претседатели. Со децении градинарите настојуваа да го поткрепат дрвото со потпорки, но тоа станало несигурно, а стеблото е преслабо за секакви други интервенции.