Белата куќа во вторникот ја отфрли вистинитоста на книгата на Боб Вудворд во која се опишува наводната грозничава борба на високите советници на американскиот претседател Доналд Трамп да ги ублажат веќе донесените претседателски екстремни политички одлуки или да спречат спроведување на импулсивно донесените одредби.
Наголемо најавуваната гнига под наслов „Страв: Трамп во Белата куќа“ којашто се темели на интервјуа, белешки од состаноци, лични дневници и владини документи а треба да се појави на 11-ти септември, ја напиша истражувачкиот новинар Боб Вудворд кој заедно со Карл Бернштајн во 1972 година го откри скандалот „Вотергејт“ кој доведе до оставка на тогашниот американски претседател Ричард Никсон.
Книгата за Доналд Трамп дава мачен портрет на наводно необразован, колеричен и параноичен претседател кого неговите министри и соработници постојано се обидуваат да го контролираат за да избегнат тешки последици.
Во моментот кога медиумите и социјалните мрежи почнаа да известуваат за книгата и да пренесуваат фрагменти од неа, Белата куќа објави соопштение во кое ја негира вистинитоста на изнесените приказни во книгата.
„Оваа книга не е ништо друго, туку измислени приказни, многу од нив ги измислиле поранешните незадоволни службеници, на коишт им е речено да го оцрнат претседателот“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Вудворд во книгата ја опишува честата фрустрација на шефот на персоналот на Белата куќа, Џон Кели, кој традиционално е најблиската личност на претседателот на ткн „Западно крило“. Тој, според Вудворд, поради непредвидливост на Трамп и неразбираното на глобалната политика често добивал „нервен слом“. Така, наводно на еден од состаноците за Трамп рекол „Тој е идиот. Не може ништо да му се објасни. Не знам што правиме тука. Ова е најлошата работа којашто некогаш сум ја имал“.
Според овие белешки кои ги собрал Боб Вудворд, по наводниот хемиски напад од април 2017 година за кој Западот го обвинува сирискиот претседател Башар ал-Асад, Трамп го повикал генералот Матис и му рекол да го убие сирискиот претседател.
„Ќе го убиеме. Одиме! Одиме внатре и ќе ги поубиваме“, рекол наводно Трамп, а по разговорот Матис е свртел кон еден од советниците и му рекол „Ништо од тоа нема да преземеме. Ќе бидеме многу поодмерени“.