Белата куќа изрази загриженост поради соопштенијата за договор меѓу Русија и Иран за снабдување со нафта, пренесе „РИА Новости“.
„Американскиот државен секретар Џон Кери го информираше за стравувањата рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров“, изјави Кетлин Хајден, претставник на Советот за национална безбедност на претседателот на САД.
Хајден додала дека таквиот договор е спротивен на условите на договорот меѓу „Шесторката“ и Иран и може да биде причина за воведување на нови санкции.