Белата куќа дискретно уништила стотина покани на државниот банкет кој што се приредува во чест на францускиот претседател, Франсоа Оланд, бидејќи на нив било напишано името на неговата поранешна партнерка, Валери Триервелер.
Помошниците на американскиот претседател, Барак Обама, имале потешкотии поради хаотичниот приватен живот на францускиот лидер по откривање на неговите тајни врски со актерката Жил Гаје и раскинувањето со долгогодишната партнерка.
По уништување на вкупно 300 покани, биле во дилема дали на новите покани треба да стои името на новата девојка на Оланд.
На крајот била донесена одлука Оланд сам да допатува во Вашингтон, со што се решени официјалните проблеми на американскиот протокол.