„Белата вдовица“ обучува жени-камикази за ИД

Саманта Лјутуајт е 30-годишна Британка од Ајлесбор, која последните 2 ипол години ги поминала во бегство од законот.

Таа е поврзана со терористички акти во Источна Африка, мајка е на четири деца и сопруга на едниот од камиказите во нападите во метрото во Лондон кој воедно е обвинет за планирање на бомбашки напади во Кенија од 2011 година.

Денес Саманта се грижи за обука на жените во централата на Исламска држава, а во своите кругови е позната како “Бела вдовица”.

Имено, таа ги учи екстремистите како да се манипулираат западните медиуми.

Саманта е толку почитувана во групата дека исламистите ја нарекуваат “Специјалната”.

„Белата вдовица“ е женска варијанта на Јозеф Гебелс (министер на пропагандата и информациите во нацистичка Германија), вели извор за весникот Дејли стар.

Лјутуајт која го прифатила исламот на 17-годишна возраст и е идентификувана и како главен врбовник на Ал Каеда во Источна Африка и е официјален портпарол на терористите од Ал Шабаб.

Ал Шабаб организираа потресен атентатво трговскиот центар во кенискиот главен град Најроби минатата година, при што загинаа 67 лица.