![belgija smetka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/belgija-smetka.jpg?resize=696%2C511&ssl=1)
Белгискиот премиер Алексадер Де Кро најави дека ќе бара на ниво на Европската унија да се заузда растот на цените на струјата и гасот, кои во целат Европа достигнуваат незамисливи нивоа.
„Бев еден од првите коишто рекоа дека не можеме да продолжиме да го решаваме проблемот со цените со намалување на даноците, туку дека треба да бидат блокирани. Тоа може да се случи само заедно со другите европски земји“, изјави во неделата премиерот Де Кро чијашто изјава ја пренесуваат белгиските медиуми.
Белгискиот премиер најавил дека следните неколку седмици за тоа ќе разговара со другите земји од ЕУ, истакнувајќи дека Белгија самата нешто ќе презема доколку тоа не биде возможно на европско ниво. Притоа додал дека мерките на национално ниво би биле помалку ефикасно од европско решение.
Премиерот Де Кро не ја исклучува можноста да се направат зафаќања во големите профити коишто ги остваруваа енергетските компании.
„Нашите компании и ние како граѓани плаќаме многу високи цени. Секако дека е неприфатливо да постојат компании од тоа влечат големи профити. Секој мора да го понесе својот дел од товарот во вакви тешки времиња“, рекол Де Кро.
Чешкото претседателство со Советот на ЕУ најави во петокот дека наскоро ќе свика вонреден состанок на министрите задолжени за енергетика на земјите членки за да разговараат за итните мерки коишто може да бидат преземени во соочување со големиот раст на цените на енергијата.
Чешкиот министер за индустрија и трговија Јозеф Сикела во петокот преку Twitter најави таков состанок „колку поскоро е можно“. „Ние сме во енергетска војна со Русија и тоа е штетно за целата Европска унија“, додаде.
Во петокот Германија и Франција најави дека големопродажните цени на електричната енергија идната година ќе биде десет и повеќепати поскапи отколку минатата година. Во Германија цените достигнале 850 евра за мегаватчас, а во Франција повеќе од илјада евра. Минатата година во двете земји цената изнесувала 85 евра за мегаватчас.