Белгија ќе уништи ковид вакцини и друга опрема со поминат рок, вредна 207 милиони евра

Белгија ќе ги уништи непотребните вакцини против Ковид, маски, заштитна облека и тестови со поминат рок вредни 207 милиони евра, соопшти Министерството за здравство.

Министерството напоменува дека со таа мерка ќе се расчисти просторот за пополнување на залихи и ќе се заштедат трошоци за складирање на вишокот средства. Се додава дека за време на изминатата пандемија, Белгија се преполни со лекови, главно обезбедени преку договорите што Европската комисија ги подготви со производителите на вакцини. Белгија ја искористи можноста да донира дел од вишокот вакцини, но повеќе нема побарувачка.

На почетокот на пандемијата пред четири години, во Белгија избувна политички скандал откако беше откриено дека земјата нема доволно залихи на маски за лице, а маските што не ги исполнуваа условите подоцна беа уништени.