Белгија и Чешка бараат санкции поради руско мешање во европските избори

Белгија и Чешка повикуваат на нови санкции на Европската унија за да се спротивстават на наводното руското влијание на претстојните избори за Европскиот парламент, откако неколку земји тврдат дека откриле мешање, според отвореното писмо до челниците на ЕУ.

Писмото датирано од 16-ти април го потпишале белгискиот премиер Александар де Кро и чешкиот претседател Петер Фиала, а е упатено до претседателите на Европската комисија, Европскиот совет и Европскиот парламент.

Двајцата лидери тврдат дека во неколку земји-членки наводно веќе се пријавени проруски дезинформации и мешање. Белгиските безбедносни служби откриле мрежа во Белгија, со трансфери на пари, кои делумно се вршеле во Чешка.

Целта на мрежата, како што се тврди во дописот, наводно била да се воспостави соработка меѓу проруските политичари во Европскиот парламент, да се помогне да се изберат повеќе проруски кандидати и да се назначат „луѓе активни во оваа мрежа како вработени на (новоизбраните) членови на парламентот.

Де Кро навел дека европските челници на самитот се договориле да го воведат кризниот механизам, кој беше активиран за време на пандемијата на коронавирус, на два месеца. Специјална единица потоа внимателно ќе ги следи дезинформациите.

„Планот е редовно да известуваме за состојбата на дезинформациите. Ќе ги поврземе овие информации, ќе ги споделиме со земјите-членки и ќе работиме со националните судски власти за да дејствуваат“, рече Де Кро на прес-конференција.

Белгија го истакнува особениот ризик не само за европските институции, туку и за НАТО алијансата, чие седиште е блиску до нејзиниот главен град, Брисел. Изборите за Европскиот парламент се одржуваат од 6-ти до 9-ти јуни.

Белгија, заедно со другите земји-членки, отвори кривична истрага, а Чешка воведе санкции против неколку физички и правно лице за напорите да се поткопа територијалниот интегритет на Украина.

„Вистинско време е да се воспостави нов режим на рестриктивни мерки за да се спротивстави на штетните активности на Русија“, напишаа Де Кро и Фиала