
Француската фудбалска репрезентација има тешкотии да најде ривали во пријателски натпревари пред ЕУРО 2020, пренесува „Франс фудбал“.
Репрезентацијата на Белгија е една од репрезентациите кои одбија да играат со „триколорите“. Средбата требаше да се одржи во март. Одлуката за откажување е донесена лично од селекторот на тимот Роберто Мартинез.
Главната причина за одбивањето е можен пораз од актуелните светски шампиони. Покрај тоа, Белгија ќе ја изгуби првата линија на рејтингот ако загуби од Франција.
За потсетување, Белгија е ривал на Русија во групната фаза Европското првенство 2020.