Десетици жители на белгиската престолнина се уапсени во неделата за да се спречат два протеста против рестриктивните мерки кои властите претходно ги забранија, потврдил за AFP портпаролот на полицијата во Брисел.
„Засега приведовме речиси 200 лица, повеќето недалеку од главната железничка станица во Брисел. Плоштадот пред централната железничка станица, каде се собраа најмогу демонстранти моравме да го евакуираме“, изјави портпаролот.
Подоцна, за електронското издание на дневниот весник Le Soir, официјално од бриселската полиција потврдиле дека се приведени 488 лица.
Додал дека меѓу собраните имало и навивачи на неколку белгиски фудбалски клубови.
Покрај на собир на главната железничка станица, демонстрантите преку социјалните мрежи беа повикани да се соберат и кај Атомиумот, каде што успеале да дојдат неколку десетици лица.
„Ве потсетуваме дека не постои одобрување за вашето доаѓање, ниту за протестите во неделата. Сите оние кои сепак ќе решат денеска да протестираат во Бриел ќе бидат спречени во тоа, така што ќе се обидеме да ги одвратиме од собирањата, а долку биде потребно и службено ќе ги приведеме“, објави бриселската полиција на Twitter во стилот на московската полиција во врска со забранетите протести за поддршка на Алексеј Навални.
Во Белгија, која има 11,5 милиони жители, од март 2020 година евриденитерани се повеќе од 20.000 смртни случи како последица од компликациите предизвикани од заразата со коронавирусот.
Блегиските власти неодмана одлучија да ги забранат сите патувања во земјата и надвор од неа до 1-ви март, освен доколку не се неопходно потребни.
Веќе цели три месеца во Белгија на сила е делумното затворање, а од 22 часот до 6 часот на сила е полицискиот час. Училиштата се отворено, но затворени се кафулињата, рестораните, театрите, спортските објекти и многу други институции и продавници.
Во соседна Холандија минатата седмица имаше неколкудневни безредија по најавата за воведувањето на полциски час во рамките на обидите за справување со епидемијата од коронавирусот.