Белгија постигна договор со француската енергетска компанија „Engie“ за продолжување на векот на траење на двете нуклеарни реактори за уште десет години, објави владата во понеделникот, со што е поништен претходниот план за напуштање на нуклеарната енергија до 2025 година.
Станува збор за двата од седумте нуклеарни реактори кои се во функција во Белгија.
Белгиската влада и француската компанија со месеци водеа тешки преговори за условите на ова продолжување за коешто Брисел се реши во март 2022 година за да ја осигури своето снабдување со енергија и по 2025 година, како причина наведувајќи ја енергетската несигурност поради војната во Украина.
Белгија и енергетската компанија „Engie“ претходно договорија основање заедничка компанија со удели 50-50 отсто за да управуваат со двата реактора со продолжен работен век, врз основа на преддоговорот објавен во јули.
Белгиската влада на 18-ти март ја објави својата одлука за десетгодишно одложување на целосното напуштање на нуклеарната енергија, претходно предвидено за 2025 година. Седумте реактори требаше постепено да престанат со работа меѓу крајот од 2022 и 2025 година, а еден веќе беше исклучен кој крајот на септември.
Во понеделникот владата во Брисел порача дека сака да бидат „потпишани целосни договори следните месеци“.