Откако група Роми направила логор на една полјана во Ланден во Белгија, градоначалникот се обидел да ги избрака пуштајќи им гласна музика, но планот не му успеал откако несаканите гости, опуштено заиграле на бучниот ритам.
Како што пренесува „Асошијетид прес“, ромите со 30 возила дошле и се населиле во градот Ланден, источно од Брисел.
Градоначалникот Жино Дебру бил против тоа Ромите тука да се задржат, па добил идеја да ги избрка со гласната музика, но за жал тоа вродило со плод, напротив тоа на несаканите гости им се допаднало и нивните деца почнале да танцуваат на неа.
Бруно Тоак лидерот на Социјалистичката партија на Белгија, на Твитер порачал дека не било добра идејата Ромите од Ланден да се протераат со музика.