Кон реонот денеска ќе заминат 50 припадници на белгиската полиција, која бројка ќе биде дополнета во следните денови.
Белгиското Министертсво за внатрешни работи предвидува првично операцијата да трае два месеца, но можна е и измена на рокот и бројноста на испратените полицајци во секој момент.
Се предвидува на самото место мигрантите, кои сакаат да поднесат барање за азил во Белгија, да бидат регистрирани и да им бидат земени отпечатоци од прстите.
Засега не е познато на кој начин ќе се постапува со оние лица кои ќе се откажат од барањето за азил и дали оние кои незаконски влегле во Белгија ќе бидат вратени назад во Франција.