Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон во договор со премиерот Шарл Мишел прогласи тридневна жалост, пренесуваат белгиските медиуми.
Одлуката стапи во сила веднаш.
Покрај ова, одлучено е националните знамиња да бидат спуштени на половина копје до 24 март.