Белгија рекордер по бројот на џихадистите

Белгија во однос на бројот на жители е на прво место во Европа по бројот на млади кои се придружиле кон џихадистите во Сирија и Ирак,предупредуваат официјалните лица.

Се смета дека меѓу 3000 европјаните кои војуваат на страна на Исламската држава повеќе од десет отсто на белгиските државјани, главно Мароканци и Турци од втората генерација.

Хари Бонте, градоначалник на Виливорде, мал град недалеку од Брисел со бројна муслиманска популација за АФП изјави дека верува дека само од неговото место во џихад заминале 27 тинејџери меѓу кои и две девојчиња од 14 и 15 години.

Тој изјави дека позади тоа стои доброорганизирана мрежа на терористи кои ги индоктринираат младите Муслимани, а потоа преку Турција им организираат пат до Ирак и Сирија.