Во средбата од осминафиналето од Светското првенство во Ростов на Дон фудбалерите на Белгија со голем пресврти и со погодок во последните секунди од мечот ја совлада Јапонија со 3:2 (0:0) и се пласираа во четврфиналето.
Јапонците беа на прагот на огромни изненадување и најголемиот успех во историјата, бидејќи до 69 минута против големиот фаворит Белгија водеа со 2:0, но белгиската селекција откако постигна случаен гол во последните дваесетина минути ја демонстрираше својата квалитетна класа и постигна три гола.
По првото полувреме во кошето Јапонците им одолеваа на стихијните напади на Белгијците и покажаа дека немаат намера целосно да се затворат. „Самураите“ поведоа со голот на Генки Харагучи во 48 минута со убав удар од полуконтра, а веќе во 52 минута следеше уште еден неодбранлив удар од дистанца на Такаши Инуи поведоа со 2:0. Во 69 минута за Белгија намали Јан Фертонген откако со удар со глава сакаше да ја врати топката на петерецот пред јапонскиот гол, но го префрли голманот и топката заврши во мрежата. Набрзо, во 74 минута резервистот Маруан Фелаини успеа од близина со глава да израмни, а во последните моменти од дуелот и четвртата минута од судиското продолжение, вториот резервист Насер Чадли по брз противнапад кога Јапонците тргнаа со сите сили испуштија шанса за ново водство ги постигна конечните 3:2 за Белгијците.
Белгија во четвртфиналето на 6-ти јули во казан ќе се сретне со Бразил, кој претходно во понеделникот со 2:0 го елиминираше Мексико со головите на Нејмар во 51 и Роберто Фирмињо во 88 минута.