Македонија како туристичка дестинација е преставена на саемот за туризам во Брисел.За само една година бројот на посетителите од оваа држава е зголемен за 40 отсто. Тие најмногу се заинтересирани за историските локалитети, културните и традиционлните настани.
„Заинтересираноста на посетителите од Белгија е огромна,“ оценува Никола Ѓошев од Агенцијата за промоција и развој на туризам и кординаторот на македонскиот штанд на саемот за туризма Експо во Белгија.
Според Ѓошев посетителите на овој саем се заинтересирани за културата, традицијата, историјата, за традиционалните насатни како што се Галичка свадба, Вевчански карневал, Струмички карневал,Водици како манифестација. Поголем интерес владее за алтернативен, верски туризам отколку за комерцијален туризам.
Тој најави дека продолжува соработката со тур операторот „ЈЕТ АИР,“ а оваа година дополнително и тур операторот „Корентон“ ја нуди Македонија со посебни аранжмани на белгиските потенцијални туристи. Туристите кои го посетуваа македонскиот штанд се распрашуваа најчесто за мапа на градот кој е цел на нивната посета, за инфаструктурата, за можностите за изнајмување на возило и слично.
Инаку на годинешниов саем Македонија е претставена со шест типа на брошури само на англиски јазик и тоа – за традиција и настани, археологија, историја, култура, за природа и активности во природа, за рурален и еко туризам, за лов и риболав и храна и вино.
Ова е втора година по ред Македонија да биде преставен на саемот за туризам во Брисел, и според официјалните статистички податоци , бројот на туристите само од Белгија е зголемен за 40 отсто.