Белгиската полиција не пронајде експлозив кај приведеното лице

Белгиската полиција не пронајде експлозив кај приведеното лице
Белгиската полиција не пронајде експлозив кај приведеното лице

Непресметлив маж утрово се јавил во полицијата во Брисел, тврдејќи дека  на себе има експлозив и се наоѓа во трговскиот центар „Сити 2“.

Полицијата го приведе осомничениот, кој на себе имал појас што личел на експлозив. Но, појасот бил полн со сол.

По пријавата, полицијата го блокираше цел регион, како и обиколните булевари и метро станицата „Рожије“.